-На два дена пред официјалниот почеток на кампањата за изборите, пред целата јавност видлива е јасна разлика меѓу концептот на СДСМ и коалицијата Можеме од една страна и неодговорното, незрело однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, од другата страна, порача денес на својот ФБ профил лидерот на СДСМ и кандиадат за премиер на претстојните избори закажани за 15. јули.
-Имаме јасна визија за тоа каде треба да биде нашата Република Северна Македонија во 2024 година и посветено работиме на тоа, водејќи се строго од националните и државни интереси. Покажавме дека не бегаме од дадената одговорност, покажавме дека можеме да се фатиме во костец со најкомплексните проблеми и да ги решиме во интерес на граѓаните и државата, без притоа да правиме какви било калкулации околу партискиот или личните рејтинзи – им се обрати Заев на граѓаните.
Заев потсети и на другата опција која се нуди пред избирачите, односно се осврна на понудата на опонентите.
-Од другата страна стојат Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои не нудат ништо освен враќање на режимот. Тие беа и сѐ уште се без став за кое било стратешко прашање, заглавени во сопственото режимско минато од кое ниту сакаат, ниту можат да излезат. Тоа е партијата во која ништо не се променило, водена од збунет, неодговорен и незрел политичар чие однесување е опасност за државата. Граѓаните тоа денес го гледаат и чувствуваат. – пишува Заев.
-Од друга страна се ВМРО-ДПМНЕ, со централата во Будимпешта и бел дворец во Скопје, кои се закануваат со поништување на „Преспанската спогодба“, правејќи сѐ за да се врати режимот. – порачува Заев.
Затоа, како што рече Заев, на 15 јули на фер, слободни, демократски и здравствено целосно безбедни избори, граѓаните ќе изберат светла иднина со СДСМ и Коалицијата „Можеме“ и нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да ги вратат во мрачното минато на режимот.