Заев им посака среќа на фудбалерите пред натпреварот со Грузија

Премиерот Зоран Заев вечерва на македонската фудбалска репрезентација и посака успех на натпреварот со Грузија. Победа на овој натпревар ја носи репрезентацијата на Европско првенство.

-Вечерва нашите фудбалски јунаци ќе истрчаат на теренот во Тбилиси со една желба – да докажат дека се генерацијата која за првпат ќе ја однесе македонската фудбалска репрезентација на Европското фудбалско првенство. Им посакувам овој ден да го запишат со златни букви во историјата на македонскиот фудбал и да бидат запаметени како спортски херои. Убеден сум дека ќе дадат сѐ од себе и дека денеска сите ќе се радуваме на победа. 🇲🇰🇲🇰🇲🇰 #ОдимеНаПобеда #EURO2020, напиша премиерот Заев на својот фејсбук-профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e