Заев го честита постигнатиот успех на Сојузот на математичари и Друштвото на физичарите на Македонија

“Со радост ги добив информациите дека Сојузот на математичари на Македонија и Друштвото на физичарите на Македонија постигнале значаен успех на интернационалните олимпијади во нивните полиња. Двете репрезентации се враќаат дома со бронзени медали, што ме прави да се чувствувам особено горд.

Им ја честитам победата, и им посакувам уште поголеми успеси во иднина. Математиката и физиката како научни полиња, бараат вреден и напорен труд за да се совладаат. Нашите млади математичари и физичари ја докажаа нивната посветеност и квалитети.” – напиша премиерот Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e