Премиерот Зоран Заев заедно со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерите на Албанија и Србија, Еди Рама и Ана Брнабиќ во присуство на министрите за здравство одржаа координативен состанок, по што потпишаа Меморандум за соработка за регулирање на односите меѓу државите во услови на Ковид-19 криза.
Со овој документ трите земји ќе разменуваат искуства и ќе соработуваат во борбата против коронавирусот, како и ќе се овозможи државјани на третите земји да бидат примани во локални болници. Се истакнува и дека е важно исто така да продолжи и економската размена и трговија и соработка меѓу трите држави.
„Ќе си помагаме доколку се случи оптеретување на нашите здравствени системи, граѓаните и носителите на економијата ќе се движат меѓу овие три земји без потреба од ПЦР тестови почитувајки ги сите мерки за заштита кои се идентични во трите земји. Доколу еден граѓанин на некоја од трите земји се затече на тертиторијата на друга земја и треба таму да се лекува, тогаш државата во која се лекува ќе ги преземе трошоците за тоа лекување. Доколку некој граѓанин на Северна Македонија се разболи и треба да се лекува во Албанија или Србија тогаш нашите соседни држави ќе го покријат лекувањето и нашиот граѓанин ќе нема да треба да плаќа од својот џеб. Истото ќе важи за граѓаните на Албанија и Србија доколку се разболатѕ и затечат на нашата територија и им е потребна помош. “ рече премиерот Заев
Албанија и Србија исто така го потпишаа и билатералниот договор за слободно движење на нивните граѓани само со лични карти.