Заев: Да одеа парите во џеповите на Груевски и Мицкоски немаше да бидат поткуп

Лидерот на СДСМ и до неодамна премир, Зоран Заев, во интервју за порталот МКД.мк го кажа својот став за обвинувањата од опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека економските мерки значат изборен поткуп.

-Да, знам, да одеа во џебовите на Груевски и Мицкоски, немаше да бидат поткуп. Сега, кога парите одат кај граѓаните, одеднаш тоа им пречи на Мицкоски и на ДПМНЕ. Таквите обвинувања се бесмислени, ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет да разбере што значи да се враќаат пари кај граѓаните, кај стопанството. Без идеја, без програма, на опозицијата не ѝ останува ништо друго освен напразно да обвинува, порача Заев.

Заев вели дека одговорноста на секоја влада е да носи мерки и одлуки, да наоѓа решенија и начини за полесно справување со штетите нанесени поради глобалната пандемија.

-Одговорната власт мора на граѓаните да им ја гарантира безбедноста, да го шити нивното здравје, но да им помогне и финансиски за полесно пребродување на кризата. Токму тоа го прави владата предводена од СДСМ. И економскиот совет на нашата партија целосно се посвети на креирање предлог мерки до Владата, кои се реални и остварливи, а ќе помогнат не само да заздрави, туку и да заживее економијата. Два пакети економски мерки веќе се спроведуваат, објавивме и трет пакет. 550 милиони евра враќаме назад кај граѓаните и стопанството, опфаќаме над 730.000 граѓани, истакна лидерот на СДСМ.

-Третиот сет мерки се темели на мерки што ќе обезбедат развојна економија, ќе ја поттикнат продажбата на македонските производи, ќе го збогатат домашното производство со ниви производи, ќе им помогнат на најранливата категорија граѓани, на студентите и учениците, на граѓаните што имаат примања под 15.000 денари, на земјоделците, на туристичките работници и објекти, а ќе ги наградат и здравствените работници. Третиот сет на економски мерки ќе му помогне секому кому му е потребна помош и ќе овозможи заживување на македонската економија преку директна поддршка на граѓаните и стопанството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e