Заев: Да не дозвoлиме на луѓе кои подaваат рака само ако се работи за власт, повторно да внесуваат поделби

„Како социјалдемократи го воспоставивме принципот на едно општество за сите и тоа го градиме, еднаквоста и рамноправноста но тоа не е случај со ВМРО-ДПМНЕ кои постојано зборуваат за чисти држави, се служат со лаги и лицемерие, порача претседателот Зоран Заев на граѓанската трибина „На прв пат“ во Гостивар.

Ние сме мултиетничка земја отсекогаш и никој не смее да не дели. Народот е изморен од делби и поделби. Нема да дозволиме повторно да го раскараат народот. Може да имаме различни националности и вери но ова е наша заедничка земја. Со концептот едно општестви ги отворивме сите прашања на предрасуди, а денес зборуваме за меѓучовечки односи, си помагаме едни со други и тоа треба да продолжиме да го правиме.

Да не дозвoлиме на луѓе кои се лицмерни и подваат рака само ако се работи за власт повторно да внесуваат поделби, на 12 април заедно да потврдиме, продолжуваме на прав пат, рече Заев.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e