Заев: Благодарен сум за тоа што го прави Германија, на чело со Меркел – денеска не се потрошија сите шанси за ЕУ

Вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 гостува премиерот Зоран Заев. На почетокот ја коментираше одлуката за вето на Бугарија. Заев рече дека е разочаран од одлуката, и дека ова е пораз на ЕУ.

Меѓутоа Заев рече дека има шанса и натаму да се смени одлуката до декември. Кажа дека верува во шансите, притоа се заблагодари на германската канцеларка Ангела Меркел.

„Благодарен сум на тоа што го прави Германија на чело со канеларката Меркел, како и Рот и Мас. Верувам дека и ЕУ прават позитивни напори. Со Фон Дер Лајен се договоривме да продолжиме со преговорите, затоа што не се исцрпени сите можности по денешниот совет на министри“, рече Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e