Беласица е една од најстарите планини на Балканот – таа е нашата македонска убавица која нѐ поврзува со Бугарија на исток и со Грција на југ, истакна поранешниот премиер Зоран Заев.
„Шумите, пасиштата, термалните води, водопадите и камените врвови ја прават Беласица уникатна и примамлива за туризам, за лекување и за авантура низ целата година.
Да ја чуваме и да ја посетуваме и да продолжи да ни биде инспирација за големи идеи како онаа за „Балкан без граници“, посочи Заев.