Зад протестите на антиваксерите како да се кријат Мицкоски и Апасиев

На најавениот протест на антиваксерите, без маски, без дистанца се собраа стотина граѓани, а главна песна беше “Едно име имаме” и знамето со сонцето на Вергина. Еден дел од граѓаните веднаш си заминаа бидејќи беа збунети дали овој протест е на ВМРО-ДПМНЕ или Левица или за правото на избор за вакцинација. Кој стпи зад протестите останува нејасно, но она што беше видливо е дека беа присутни сите медиуми блиски до опозицијата.

„Моето тело е мој избор“ и „стоп за присилна вакцинација“ се дел пораките што се испратија од протестот одржан вечерва пред Собрание порадите рестриктивните мерки кои стапуваат на сила од утре, а со кои се предвидува ограничување на влезот во угостителските објекти и настани во затворен простор за невакцинираните.

Учесниците на протестот побараа политичарите на чело со премиерот Зоран Заев иако веќе е вакциниран, прво да се вакцинира со вакцина што тие ќе му ја одберат и да гарантира дека од вакцините никому ништо нема да му биде четири години, како предуслов и тие да се вакцинираат. Покрај за мерките, од протестот имаше и политички пораки дел од демонстрантите порачаа дека актуелната влада го продала името, ја украла историјата, а сега, како што велат, сакаат да им ја земат слободата и човековите права.

Дали ќе има нов кластер по овој протест, засега е непознато, но неколку познати имиња во медицината соопштија дека медицинскиот персонал е буквално изморен поради недисциплината на дел од граѓаните и нивното кршење на мерките.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e