Гостувајќи во емисијата “Топ тема”, Марјан Забрчанец, национален кординатор за стратегиски комуникации истакна дека мерките превземени од владата важат за сите граѓани, вонредната состојба не смее да ги дели и не ги дели граѓаните по ниту еден основ. Од тука мерките важат за сите и за политичарите, членовите на Владата, вклучително тука и лидерот на СДСМ Зоран Заев ги почитуваат мерките кои се однесуваат на физичкото растојание кое што е неопходно, мерки за заштита во смисла на редовна дезинфекција во сите објекти во кои што контролираат или кординираат институциите.
-Тие мерки за претпазливост и тоа како се запазуваат, верувам во она што го кажуваат и самите медиуми дека и во телевизиските куќи е така, а веќе се забележува во секој јавен објект во секој супер маркет веќе се применуваат таквите мерки, од тука не може да се каже дека не се почитуваат мерките. Оние забрани кои што се воведени ги почитуваат и претставниците на институциите, посебно оние кои што имаат посебни дозволи за да може да се движат и во време на полициски час со цел извршување на своите службени задачи коишто се во функција на заштита на населението од коронавирусот – рече Забрчанец.
