За кои лица не важи полицискиот час

Од утре започнуваме со ограничување на движењето на сите граѓани (полициски час), изјави на прес-конференцијата премиерот Оливер Спасовски.

„Се забранува движење на населението во периодот од 21 до 06 часот секој ден!

Сепак, препораките нема да важат за сите. Дозволено ќе биде движењето на лица вработени во полицијата и армијата,  како и на противпожарната служба и комунални служби кои се на работа.

Лицата кои имаат потреба од итна медицинска помош, животно загрозувачка состојба, лица на дијализа исклучиво во придружба на две лица исто така ќе можат да се движат за време на полицискиот час со тоа што доколку ги запре полиција, со медицинска документација ќе треба да го оправдат своето излегување.

Премиерот Спасовски на пресконференцијата порача компаниите, вклучително и продавниците, да го прилагодат своето работно време согласно одлуките на Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e