За да нема слични проблеми во иднина бугарскиот министер ќе донирал генератори

Бугарската делегација предводена од министерот за внатрешни работи Иван Демирџиев заедно со бугарскиот министер за здравство и бугарскиот амбасадор во Македонија Ангел Ангелов како и со бугарски граѓани оддадоа почит на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас.

Со нив беа и бугарски граѓани кои по 13 часот беа пропуштени на граничниот премин Деве Баир откако проработе комјутерскиот систем на граничните премини .

Демирџиев изјави дека во понеделник на македонските погранични власти ќе им подари два генератори за струја за да се надминат таквите застои  .

,,Задоволен сум од организацијата на настанот и чест ми е што сум тука со бугарската делегација за да му оддадам почит на великанот Гоце Делчев. Двете земји треба да се насочат кон решавање на други проблеми, а не на настан од ваков формат. Се надевам дека на сите бугарски државјани кои тргнааа кон Скопје ќе им биде овозможено да дојдат во црквата Свети Спас. Има извештаи дека некои бугарски државјани се спречени да влезат на територијата на Северна Македонија. Немам точни информации колку Бугари се спречени. Добив информација дека снемало струја. За да нема слични проблеми во иднина, во понеделник ќе донираме генератори на трите пункта на ПКМ“, изјави Демирџиев .

Тој изјави дека лично го замолил Џамбаски д ане доаѓа во Скопје но смета дека волку засилени полициски мерки како денеска не се потребни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e