Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, потврди дека агент на српските тајни служби бил присутен во Собранието за време на крвавиот четврток и рече дека тоа го одобрила власта на Никола Груевски. Новата Влада побарала од него да го повлече Горан Живаљевиќ од службата во Македонија, по што Вучиќ го направил тоа, но рече дека ова не е причината за заладување на односите меѓу двете земји.
-Јас сега сакам да откријам нешто околу кое цело време молчевме. Тој Живаљевиќ не отишол во Собранието сам од себе, ниту ме прашал мене или прашал било кој од овде, иако нам мора да ни полага сметки. Тој ги прашал највисоките претставници на извршната власт во Македонија, највисококо раководство и рекол дека сака да биде таму. И тие беа запознаени со неговото присуство таму – рече Вучиќ во интрвју за националната телевизија РТС.