Вселенскиот патријарх Вартоломеј упати честитка до премиерот Димитар Ковачевски

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски доби честитка од Вселенскиот патријарх Вартоломеј за новата функција и му посака успех. Во соопштението се вели:

„Неговата Божествена Сесветост, Патријархот Вартоломеј испрати пораки со честитки од името на Вселенската Патријаршија до новоизбраниот македонски премиер Димитар Ковачевски. Неговата Сесветост на Ковачевски му посака плодотворна и успешна служба„.

Ова е првпат вселенскиот патријарх да посака успешна работа на македонски премиер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e