Времето денеска сончево со умерена, локално и позначителна облачност

Денеска во Македонија ќе биде сончево со умерена, локално и позначителна облачност. Во вечерните часови, како и во текот на ноќта во североисточните и во источните предели ќе има појава на локален дожд и снег на планините.

Ќе дува и слаб до умерен ветер од западен и од југозападен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец.

Во текот на ноќта ќе има повеќе облачност и ќе има услови за слаб дожд. Максималната температура ќе се искачи до околу 15 степени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e