Во Скопје, сончево и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Во следните три дена ќе преовладува сончево време. Од четврток ќе има зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради спуштање на студена воздушна маса, во петок врнежите ќе преминат во снег и на понисоките места. Температурите повторно значително ќе опаднат и ќе бидат под просекот за овој период од годината, велат од УХМР.