Денеска времето сончево пропратено со облачни периоди. Попладне во западните делови, а до крајот на денот на секаде облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието умерен до засилен ветер од северозападен правец.
Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди и пораст на дневните температури. Во сабота попладне и во текот на ноќта ќе има слаби локални врнежи од дожд.