Времето денеска сончево со мала до умерена облачност и ветровито

Времето утрово е сончево и студено, минималната температура е во интервал од -8 до 1 степен. Според прогнозата, денеска се очекува сончево време со мала до умерена облачност и ветровито, но и студено за ова време од годината. Во крајните јужни делови ќе има зголемена ублачност со слаби врнежи од дожд и снег. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен североисточен ветер. Минималната температура утрово се спушти до -3 степени, а максималната температура во текот на денот ќе достигне до 9 степени.

Од УХМР очекуваат од недела да следува период на постабилно време со умерен до засилен североисточен ветер. Во вторник ќе има зголемена облачност со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e