Променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Во планинските подрачја ќе има услови за провејување на снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната од 5 до 12 степени.
Во Скопје, претпладне променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.