Времето денеска претежно облачно со повремени врнежи од дожд

Под влијание на низок воздушен притисок и на влажна и студена воздушна маса од север, денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд и истите локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и на некои места ќе наврнат над 10 л/м2 воден талог. Ќе започне да дува засилен ветер од северен правец кој локално ќе достигнува брзина од над 60 км/час. Поради заладувањето, на повисоките места и на планините врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Максималните температури денес ќе бидат значително пониски за разлика од изминатите денови и истите ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 14 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со повремен дожд. Ќе започне да дува засилен ветер од северен правец, со што на околните планини ќе има услови и за повремени врнежи од снег. Максималната температура денеска во Скопје ќе се искачи до околу 9 степени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e