Возач претепал полицаец кој го стопирал на Страцин

ОВР Кратово поднесе кривична пријава против Р.П.(38) од Василево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „спречување службено лице во вршење службено дејствие” и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”. На 12.12.2025, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции дале знак за запирање на возило „ауди а6“, кое го управувал пријавениот, но тој не застанал со возилото.

По преземени мерки, на магистралниот пат Крива Паланка-Куманово, кај с.Страцин, кратовско, полициските службеници го запреле пријавениот, при што тој физички нападнал полициски службеник, нанесувајќи му тешка телесна повреда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e