Вооружен напад во Топанско Поле – запалени банкомати

Вооружена група рано утрово нападнала трговски центар во скопската населба Топанско Поле и запалила банкомати, објави Телма, која се повикува на граѓански извори.

Познато е дека полицијата го потврдила инцидентот кој се случил во 6 часот изутрина.

Неколку лица со закана со оружје прво го нападнале чуварот во објектот, а потоа запалиле неколку банкомати кои биле во склоп на деловниот објект.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e