Премиерот Димитар Ковачевски на прес конференција ќе извести за мерките на Владата за ублажување на ценовниот шок предизвикан од економската криза и од актуелната воена состојба во Украина.
На прес конференцијата присутни ќе бидат и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерот за економија Крешник Бектеши, Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство како и Јована Тренчевска, министерка за труд и социјална политика.