Во законскиот рок, дури 30.476 од спорните 39.502 лица не поднеле пријава до ДИК

Едногласно беше усвоен извештајот на пријавените гласачи со спорни записи, на денешната 49 седница на ДИК.

Од 26 јули до 19 август 2016 година, до кога беше рокот за пријавување, пристигнале 8.922 пријави, од кои 8.901 се прифатени.

Пријава не поднеле вкупно 30.467 лица од спорните 39.502 гласачи.

Сите кои не се пријавиле во законскиот рок од 25 дена ќе можат да се пријават во тек на јавниот увид пред предвремените избори за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e