На 09.09.2017 година во 22.40 часот, во дискотека во Градски Парк во Скопје, две непознати лица извршиле разбојништво над 16-годишник од Скопје. Во тоалетот на дискотеката, сторителите му се доближиле на малолетникот и му побарале пари. Откако им рекол дека нема, тие почнале да го претресуваат и од џебот му одзеле телефон, по што заминале во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.