Во сообраќајката на патот Куманово-Крива Паланка повредени се четири лица

Две лица се здобиле со тешки телесни повреди, а две со телесни повреди во сообраќајната несреќа што се случи денеска во 10.15 часот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка кај месноста викана „Чешмиче“.

Поради сообраќајката, патниот правец Куманово – Крива Паланка сеуште е во прекин, и возилата се уште се пренасочуваат кон стариот пат.

Според иформациите на МВР, во несреќата учествувале возила „тојота“ со косовски регистарски ознаки управувано од С.Ф и  „рено меган со паланечки регистарски таблички управувана од 52 годишниот И.С,а со кој се превезувале С.С (46) и А.С (19).

Од кумановското одделение за хирургија информираат дека две лица се префрлени во Скопје, а едно лице по укажаната помош, е пуштено на домашно лекување.

Две лица од денешната сообраќајна несреќа се здобиле со тешки телесни повреди, но се надвор од животна опасност и префрлени се за понатамошно лекување во Скопје, а две лица се здобиле со телесни повреди. Едното лице е пуштено на домашно лекување, изјави, началникот на одделението за хирургија, д-р Методија Димковски.

 Едното возило е отстрането од патот, а второто се уште е на магистралниот пат.

СВР Куманово по завршување на увидот ќе преземе соодветни мерки за утврдување на причината за настанување на сообраќајната несреќа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e