Во Скопје дијагностицирани се 109 новозаболени

Вкупно 180 нови случаи позитивни на КОВИД -19 се евидентирани во изминатите 24 часа, објави Министерството за здравство. Починати се двајца пациенти – едниот на возраст од 52 години од Куманово и пациентка од Скопје на 68 години.
Пациентот е починат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби каде се лекувал од 30 мај, а пациентката во ГОБ „8 Септември“ која била хоспитализирана на 29 мај.
Според информациите што ги објави попладнево Министерството за здравство, најмногу нови случаи повторно се регистрирани во Скопје – 109, потоа во Куманово – 26, Штип – 15, Тетово – 12, Гостивар – 8, Гевгелија – 2 и по еден нов случај има во Дебар, Струга, Велес, Битола, Валандово, Свети Николе и Неготино.
Во изминатите 24 часа направени се 1.272 теста.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти и тоа шест во Скопје, четири во Велес и едно во Прилеп.
Од почетокот на епидемијата вкупната бројка на дијагностицирани пациенти се искачи на 2.790, а на оздравени пациенти 1.632. Починати се 149 заболени, а во моментот активни се 1.009 лица.
Вчера по завршување на епидемиолошките анкети утврдено е дека еден од позитивните тестови од Скопје е контролен тест. Согласно тоа последната дистрибуција по градови е следна:
• Скопје 1158, активни 552
• Куманово 526, активни 110
• Дебар 52, активни 1
• Штип 142, активни 104
• Прилеп 217, активни 31
• Тетово 257, активни 100
• Струга 91, активни 19
• Велес 138, активни 28
• Битола 29, активни 3
• Охрид 25, активни 8
• Кавадарци 6, активни 1
• Гостивар 41, активни 20
• Гевгелија 6, активни 2
• Струмица 5, активни 3
• Крива Паланка 6, активни 0
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 3, активни 0
• Кочани 41, активни 10
• Пробиштип 5, активни 3
• Демир Хисар 1, активни 0
• Македонски Брод 2, активни 0
• Пехчево 3, активни 0
• Берово 2, активни 1
• Валандово 3, активни 2
• Виница 3, активни 1
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 3, активни 1
• Свети Николе 3, активни 3
• Кичево 3, активни 1
• Неготино 14, активни 5 (8 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e