Во североистокот најголема излезеност во Ранковце, 57.07 отсто, во Крива Паланка 56.01 отсто излезеност до 17 часот

Последниот пресек на општинската изборна комисија Крива Паланка во 17 часот бележи излезеност од 56.01 отсто, додека во Кратово 49.67 отсто од вкупниот број граѓани запишани во единствениот избирачки список го оствариле избирачкото право.

До 17 часот во Крива Паланка од вкупно 16.534 на 47 избирачки места гласале 9252 граѓани.

Во Кратово излезеноста до 17 часот е 49.67 отсто, гласале 3691 граѓани на 33 избирачки места, од вкупно 7.438.

Во Ранковце до истиот период на пресек од страна на ОИК, гласале 57.07 отсто од гласачите запишани во единствениот избирачки список.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e