ВО СЕКТОРОТ ЗЕМЈОДЕЛСТВО ПОКАЖАВМЕ ДЕКА СМЕ ЛИДЕРИ ВО ИСКОРИСТЕНОСТА НА ЕВРОПСКИТЕ ФОНДОВИ, Николовски во “Објектив” на МТВ

“После НАТО, членството во ЕУ е наша стратешка цел и друга алтернатива немаме. На младите генерации им е преку глава од национализам и политиканство. Тие очекуваат реформи, пристап до отворениот пазар на ЕУ и до фондовите како и брзо остварување на стратешката цел за членство а со тоа и враќање на довербата во системот и европскиот квалитет на живот за да останат дома.  Пример е секторот земјоделството и храна каде со многу работа остваривме силен напредок, ги спроведовме реформите и сме лидери во искористеноста на европските фондови. ” – посочи пратеникот од СДСМ Љупчо Николовски во вечерашното гостување во емисијата Објектив на МТВ.
nikolovski_mtv_2
Николовски посочи дека оваа Влада не враќа назад и после успешниот скрининг не прави ништо на овој план додека земјите од регионот одат напред и се одвојуваат од нас.
“Ги влошува односите со соседите и повторно се враќаме назад затоа што пред избори ветуваше враќање на името, нова преговарачка рамка, поништување на договорите со Грција и Бугарија, денес кога седнаа во фотељите, се тоа било реалност. Доколку ДПМНЕ обезбеди промена на преговарчка рамка со одложено дејство на уставните измени со две раце тоа ќе го поддржиме. Ако успее ДПМНЕ да ги убеди сите земји членки во тоа ние ќе го поздравиме. Но знаат дека тоа не е можно и дека е губење време и енергија а со тоа и губење нови  млади генерации. И затоа не е лидерски ниту државнички.” – рече тој.
“Денес сите сме понижени од само една средба во Софија. За прв пат имаме средба на државници каде го нема македонското знаме. Но нема ни одговор што е резултат на една ваква средба. Нема одговор што е планот и како ќе ги оствариме стратешките цели. Затоа е потребно оваа генерација на политичари да биде растеретена и да гледа подалеку и преку обединување на целокупниот потенцијал, капацитет и квалитет со фокус на европската интеграција ќе обезбеди среден систем, евроспка интеграција и квалитет на живот за сите генерации дома.” – додаде Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e