Во првата половина годинава во македонската економија влегле странски директни инвестицииво вредност од 122,6 милиони евра, покажале податоците на Народнатата банка на Р.С.Македонија.
Во споредба со првата половина од минатата 2019 година кога странските директни инвестиции изнесувале58,5 милиони евра, годинава влегле повеќе од двојно повеќе(109%) странски директни инвестиции.
Најголем дел од странските директни инвестиции во првата половина годинава отпаѓа на инвестицијата на американската Дура, која на почетокот на годинава најави инвестиција во изградба на две фабрики за производство на автомобилски делови во зоната Скопје2.
Најмногу странски директни инвестиции од 106,5 милиони евра влегле во март, во февруари биле инвестирани 48,2 милиони евра, додека во април 42,3 милиони евра.
Во јануари, мај и јуни имало повлекување од земјата од вкупно 74,5 милиони евра.
Податоците покажуваат дека во мај и јуни годинава има поголем нето одлив на странски директни инвестиции од 32 милиони евра, односно 19,6 милиони евра, во споредба со истите месеци лани кога нето одливот изнесувал 6,6 милиони евра, односно 4,3 милиони евра.
Податоците на Народната банка покажале дека во 2019 година имало вкупно 326 милиони евра странски директни инвестиции.
Не може со прецизност да се прогнозира како ќе заврши годинава во поглед на привлекувањето на странски директни инвестиции, но неодамнешниотизвештај на Унктад посочил дека годинава се очекува пад на околу40% на СДИ во целиот свет.
Извор: Извоз.мк