Не стивнуваат реакциите и барањата на јавноста за смена на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски по скандалот со ИПАРД програмата, во кој се осомничени и уапсени негови блиски соработници за МИТО од 50.000 евра.
Денеска со своја реакција се јави и пратеничката и претседателка на ЛДП Моника Зајкова.
“Обвинителот е крив? Друг е крив?
Не си ја ишкајте мувата од капата!
Во нормална европска земја министер паѓа за ова!!! Скандал!
Справете се и со криминалот во сопствените редови! Не утре, сега!!!
На овој народ му е преку глава да плаќа сметки за туѓата коруптивна алчност.
Имате обврска да ја направите Македонија нормална европска земја.” – напиша на Фејсбук Зајкова.

