На 136-та седница членовите на Владата ја прифати информација за напредокот на проектот реконструкција на казнено-поправните установи во Република Северна Македонија, а којашто се однесува на текот на реализираните активности во Казнено-поправната установа Затвор Куманово со Отворено одделение во Крива Паланка, село К’шање, општина Куманово, Казнено-поправната установа КПД Идризово општина Гази Баба, Воспитно-поправната установа ВПД Тетово општина Брвеница и Казнено-поправната установа Затвор Скопје, општина Шуто Оризари.
Основна цел на проектот е унапредување на процесот на извршување на санкциите, преку остварување и унапредување на човековите права во однос на условите за сместување, хигиената, здравствената заштита, работните и слободните активности на осудените и притворените лица.