Од 948.599 лица кои лани го сочинувале активното население во Македонија вработени се 723.550, а 225.049 се невработени, покажуваат денеска објавените податоци на Државниот завод за сттаистика.
Стапката на активност во минатата година изнесувала 56,5 проценти, стапката на вработеност 43,1, а стапката на невработеност 23,7.
Во 2015 година стапката на активност изнесуваше 57, стапката на вработеност 42,1, а стапката на невработеноист 26,1.
Во вкупното работоспособното население над 15 години според економската активност и полот, мажите учествуваат со 61,3 проценти, а жените со 38,7 проценти.
Од регистрираните 723.550 вработени, 555.894 се ангажирани во деловни субјекти во приватна сопственост, а 167.657 во фирми со друга сопственост, односно мешовита, задружна и државна.
Каде се останатите 1 милион граѓани на Македонија? Ако се знае дека во државата има некаде околу 200 000 пензионери и некаде 100 000 лица под 18 години, каде се останатите? Извештајот на Светска банка пак говори дека околу 600 000 македонци се иселиле од државата за период од 10 години па според тоа се прашуваме треба ли државата малку да се позагрижи за овој проблем кој долгорочно ќе направи непоправливи штети?