Изутринава два земјотреси го погодија југозападниот дел на Македонија, поточно охридското епицентрално подрачје а по информациите земјотресите се со умерен интензитет . Првиот посилниот земјотрес бил почувствуван во 2:01, додека вториот во 8 часот изутринава.
Според податоците на Сеизмолошката обзерваторија на Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентрите на двата земјотреси се лоцирани помеѓу градовите Охрид и Ресен.
Интензитетот на првиот земјотрес е 3,1 степени според Рихтеровата скала, сдодека вториот е со интензитет од 2,5 степени