Во судницата во Идризово во тек е ново рочиште во судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“.
Пред почетокот на рочиштето, судот информираше дека во ќелијата на Дејан Јованов – Деко, сопственик на дискотеката „Пулс“, бил пронајден мобилен телефон.
Судијката Дијана Груевска-Илиевска јавно го опомена Јованов и посочи дека доколку ваков инцидент се повтори, ќе бидат воведени построги мерки, меѓу кои и забрана за посети.
Пронаоѓањето мобилен телефон во притворските одделенија се смета за тежок дисциплински престап, бидејќи овозможува непречена комуникација со надворешниот свет.
Денес на рочиштето е предвидено изведување на докази и сослушување на странките во постапката.
