Во какви услови работи сеизмолошката опсерваторија?

Сеизмолошката опсерваторија со полни раце работа.

Двајца сеизмолози деновиве будно го следат секое поместување на земјата. Работат по 24 часа дневно и во канцеларија и на терен. Понекогаш им помага нивната колешка, која во моментов е на породилно отсуство. Земјотресите пак не прашуваат кој е на работа, а кој на породилно, па и таа ја следи состојбата од дома.

Раководителката на опсерваторијата, Драгана Черних Анастасовска вели дека институцијата во моментов фунцкионира исклучиво на волјата на нејзиниот тим, кој севкупно брои тројца вработени.

„Ова што го гледа македонската јавност е исклучиво на посветеноста на двајцата сеизмолози кои работат тука“ – вели Черних Анастасовска.

На сеизмологот Драгана Черних, вчерашниот работен ден и заврши доцна вечерта во Охрид, каде замина да ги постави мерните единици. До таму патува сама, со својот автомобил вози преку планини и дење и ноќе, бидејќи нема кој друг да го направи тоа. Иако имало ветувања, во оваа институција немало ниту едно ново вработување во последните десет години.

Сезимолошкиот опсерваториум минатата години барал дополнителна апаратура, за промена на старите компјутери со кои работат сеизмолошките станици низ Македонија. Сепак, тендерот од 50 000 евра, остана заглавен во бирократските лавиринти на системот за јавни набавки.

„Имавме проблеми со станиците и немавме компјутери во Валандово, Штип, Крушево. немавме компјутери, па добивме нови, но тие мора да се заменат со нови, не работат вечно“ вели Черних Анастасовска.

Од министерството за образование и наука велат дека знаат во каква ситуација се наоѓа опсерваторијата, но велат дека претходната раководечка гарнитура немала слух за нивните проблеми.

„Ние сме преплавени од реакции на институции кои се жалат дека за состојбата во која ги доведе претходната влада. Во некои институции со години немало вработување на нов кадар. Претходната влада немаше сенс за прашања од јавен интерес, како што е на пример, инвестирање во научно-истражувачка дејност. Во претходниот период имаше само нерационално трошење кое ги доведе институциите до ова ниво на кое што се“, вели министерката Дескоска во кусиот телефонски разговор.

Опремата во опсерваторијата се модернизира, исклучиво бладорение на странски донации. Последен пат, кога владата им излегла во пресрет, набавила два нови софтвери, но тие веќе две години стојат во аголот и берат прашина, бидејќи нема инжињер да ги инсталира. До новите софтвери, стојат и дел од старите машини, кои иако функционираат не се користат, бидејќи оскудниот буџет за тековни трошоци на институцијата, не го дозволува тоа.

Оваа институција во 80-тите години, била една од најдобрите во регионот и привлекувала научници од целиот свет. Сега пак, оставена на забот на времето, повеќе наликува на технички музеј, кој за чудо, некако се уште функционира.

Извор: 24 ТВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e