ВО ИСТОКОТ СЕ ИНВЕСТИРА КАКО НИКОГАШ ДОСЕГА: Пуштен во употреба нов модерен експресен пат што ги поврзува Штип и Кочани

Денеске беше пуштена во употреба делницата Крупиште-Кочани на експресниот пат Штип-Кочани. Со ставање во функција на 13,7 километри од Крупиште до Кочани и трасата од Штип до Крупиште, целосно е завршен проектот кој се реализираше во две фази.

320787279_1120465235333676_518073601304909375_n

Министерот Николовски кој на последните парламентарни избори ја предводеше изборната листа во 3-тата Изборна единица, не го криеше задоволството од овој крупен и значаен проект.

320613676_900523908062023_3692260446215607138_n

320699571_1819530138407578_8805987397401920937_n

“Зборот е збор. Од заборавен, 🇲🇰 исток станува модерен, развиен просперитетен регион. Од денеска граѓаните добиваат нов модерен експресен пат, делница од 28 км што ги поврзува Штип и Кочани. Со изградбата на овој експресен пат се создава брза патна врска помеѓу централниот и источниот дел од државата, се отвора можност за влез на нови странски и домашни инвеститори, за зголемување на работните места, како и за подобра комуникација помеѓу граѓаните. Честитки!” – напиша на Фејсбук, Николовски.

320760140_752621576285064_6779339309794309284_n

320708145_2113330528850505_2599230574595181812_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e