Во Скопје, во просториите на Универзитетот ФОН , во периодот од 17 до 22 јули ќе се одржи ” Летниот Универзитет ” на тема ” Сеќавања и меѓукултурен дијалог” организиран од “Центарот за кариера ” на ФОН Универзитетот и невладината организација АЛДА, Република Франција, а поддржана од Централната Европска Иницијатива (CEI), регионот Нормандија и Европската Унија.
На настанот ќе земат учество триесет млади луѓе од земјите на Западен Балкан и Република Франција. Програмата опфаќа неверојатно актуелни интерактивни работилници, креативни предавања, отворени дебати и специфично реализирани теренски посети на универзитетски професори спроведени низ можноста на Ваше учество во излагањата на ставови со еминентни универзитетски наставници но и со добри познавачи на темата во пракса.
Ако сметате дека темите : сеќавања, мир и помирување, европско граѓанство и меѓукултурен дијалог на цивилизациите ќе бидат осиромашени без вашите ставови, тогаш вистинското време за почеток на заедничките заложби за успех во темите е 10 часот на 18 јули 2017, а вистинското место е големиот амфитеатар во скопскиот кампус на ПРВИОТ ПРИВАТЕН УНИВЕРЗИТЕТ ФОН ( Ул. “Киро Глигоров” број 5 , 1000 Скопје,Република Македонија “.
На отворањето ќе се обратат Н.Е. господинот Кристијан Тимониер, амбасадор на Република Франција во Република Македонија и Ректорот на Универзитетот ФОН и еден од доајените на космополитската дипломатија и политиколошките научни дисциплини во Република Македонија, проф. Д-р Нано Ружин.
Освен сите Вие кои ќе земете учество во предвидените активности, предавања ќе одржат и проф. Д-р Марија Зарезанкова Потевска , проф. Д-р Нано Ружин, доц. Д-р Љубица Кардалеска и доц. Д-р Силвана Јовческа , координатор на “Центарот за кариера ” при Универзитетот ФОН, стои во соопштението од ФОН.