Во финална процедура поддршката за тутунот од петтиот пакет

Во финална процедура е поддршката за тутунот од петтиот пакет антикризни мерки. Треба да помине во владина постапка, наредните недели, по што ќе се достави до Собранието за донесување во брза постапка, најави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа.

Целта е, нагласи, да се исплатат ветените средства.

-Не за да се оправдам како министер, туку барам да се има разбирање зашто еден месец го пролонгиравме рокот, се исплатија субвенциите, се чекаат измени на некои законски решенија во Собранието и поради тоа има нови рокови за исплата. Но, тоа е што е ветено и кажано, ние и повеќе од тоа правиме во делот на поддршката за тутунарите. Тоа што го ветивме на почеток на сеозната, ќе го реализираме – дека со поддршката од петтиот пакет мерки кога ќе се додаде на исплатените субвенции, сепак ќе се постигне некоја просечна цена од над 180 денари за килограм тутун, истакна Хоџа.

Со петтиот пакет економски мерки, за тутунарите се предвидени 307,5 милиони денари. Како што стои во пакетот, целта на финансиската поддршка е спречување на последиците од ограничувањето во превозот и трговијата, како и од падот на потрошувачката на тутунските преработки на светско ниво.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e