Во четврток ќе се гласа за одземање на мандатот на Никола Груевски

Претседателот на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања Павле Богоевски закажа седница за одземање на пратеничкиот мандат на екс премиерот Никола Груевски за во четврток, поради неоправдано отсуство на пратеникот повеќе од шест месеци, а врз основа на Известувањето од претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, доставено на 15 мај 2019 година.Поранешниот премиер Никола Груевски, кој е осуден на 2 години затвор за случајот на СЈО „Тенк“ е во бегство од 9-ти ноември минатата година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e