Граѓани низ Македонија повторно започнаа да добиваат пораки кои содржат текст во кој се вели дека наводно имаат пратка од Македонска пошта.
Станува збор за измама, а целта е да бидат одземени лични податоци од корисник за подоцна да бидат злоупотребени.
Во пораката стои линк на кој од вас се бара да внесете лични податоци и број на картичка, со што подоцна криминалната група ќе може да ги злоупотреби вашите податоци и да останете без средства.
За да се заштитите секогаш проверувајте го називот на домаинот и така ќе бидете сигурни дека станува збор за вистинска или лажна веб страница.
Инаку, освен како обична СМС порака, оваа измама до корисниците на Ајфон може да стигне и преку iMessage, односно преку сметка на icloud.com
