ВМРО впери прст кон Националната агенција за европски образовни програми, за директорката Димова тоа е вмровска сапуница

ВМРО-ДМПНЕ со обвинувања и сомнежи за Националната агенција за европски образовни програми за која вели дека е претворена во политичка алатка на премиерот Зоран Заев и од нејзината директорка, Лидија Димова побара да понесе одговорност и да поднесе оставка на функцијата.

„Наместо власта да инвестира во градење на граѓанско општество, под сомнителни околности се доделуваат грантови на блиски невладини организации или на организации во кои фигурираат лица кои учествуваат во политичкиот прогон на опозицијата. Повеќе од седум милиони денари европски пари се доделени на невладина организација на судијата Лазар Нанев во која тој е единствено лице. Токму Нанев е судијата кој е назначен за претседател на комисијата за при Министерството за правда која врши ревизија на системот за управување со судски предмети – АКМИС“, рече Стефан Андоновски на денешната прес-конференција на опозициската партија.

Stefan Andonovski

Попладнево се огласи Димова и нападите на опозицијата ги нарече неосновани, а излагањето на Андоновски како трета епизода од вмровската сапуница. Постот на нејзиниот Фејсбук профил, потенцира, дека го пишува како личен став, а не како директорка на Националната агенција за европски образовни програми.

„Не ми е јасно дали ВМРО-ДПМНЕ очекува да почнам да ги бранам проектите кои ЈАС не ги избрав? – Зошто упорно се обидува да ја замајува јавноста дека личноста, а не институцијата одлучува кој проект ќе се финансира. Мене ми е јасно дека во нивно време така се делеле проекти и пари, но европските практики што ги следи институцијата со којашто управувам јас има јасни правила за доделување проекти. Без намера да звучам надмено, имам предлог за ВМРО-ДПМНЕ. Доста со ваквите обвинувања! Ако навистина имате сомнежи, јас сум ви на располагање за да одговорам на сите ваши прашања поврзани со работењето на Националната агенција“, напиша меѓудругото Димова.

За институцијата на чие чело е вели дека со тешки напори е вратена на мапата на Европската унија, наброја резултати од работата во последните неполни две години за „сега да се посегнува по нејзино уништивање само затоа што Република Северна Македонија ќе добие датум за почеток на преговори“. До ВМРО-ДПМНЕ упати охрабрувачки апел да иницираат Надзорната расправа во Собранието на која сите поканети сведоци се должни да се појават и да одговараат на прашања на пратениците.

„Бидете мажи и прифатете го мојот предизвик. А, ако докажете моја вина, јас ќе бидам ЖЕНА и ќе си поднесам оставка“, заклучи Димова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e