Зоран Заев го мрази сопствениот народ штом го втурнува по секоја цена во црни избори на кои наместо гласачи би се броеле жртви и заразени со коронавирусот, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Додека Заев и СДСМ лажат дека ситуацијата со коронавирусот се смирува, реалност е дека таа е полоша од март кога беше прогласена вонредна состојба.
Македонија во регионот најлошо се справува со корона кризата. Македонија е рекордер по смртност на милион жители во регионот, на врвот по број на заразени на милион и земја со најмалку тестирања, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.
Но и покрај ваквите загрижувачки бројки, Филипче под диктат на Заев ја лаже јавноста дека првата битка со вирусот е добиена, се со цел да се оди на избори за да се спаси кариерата на Заев по цена на изгубени човечки животи.
Одговорна и сериозна власт секогаш би ги ставала граѓаните на прво место, но не и СДСМ. ВМРО ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме хибриден режим неспособност, криминал и сиромаштија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.