Заев дава насоки на Луј Витон судството да ги спаси од очигледен криминал своите соработници во случајот со дијализерите, наречен Рекет 2. Денес целата јавност виде како скандалозно Заев нарачува судски ослободителен епилог за еден очигледен криминал направен од неговата валст. Тоа покажува дека Луј Витон правосудството на Заев продолжува да работи по насоките на Зоран Заев. Тој денес за случајот со дијализите, односно случајот рекет 2, дава насоки да се забошоти случајот во кој негови блиски соработници, ако не и самиот тој, се директно фатени во милионски криминал. – рекоа од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
Сега Заев без срам јавно дава насоки на правосудните органи како да го водат случајот, и како да ги амнестираат неговите соработници од криминалот во кој се фатени на дело. Ова само покажува дека со заев нема да има ниту правда, ниту правна држава. Аболицираниот криминалец се обидува да ги ослободи од одговорност и неговите соработници криминалци. На ова се сведуваат неговите судски реформи во кои амнестија ќе добиваат криминалците од екипата на Заев, а политички прогон ќе има за сите политички неистомисленици. Со Заев нема да има ниту проверка на потекло на имот на функционери од неговата власт, затоа што ако тоа се спроведе милионски евра имот ќе се утврди дека е стекнат со организиран криминал и корупција. – порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.