ВМРО-ДПМНЕ: Смешна е кривичната пријава за дивоградбата кај „Мавровка“

Рушењето на објект кој самите дозволија да се изгради сега ќе се плаќа од џебот на граѓаните, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ
Како и кога се дознал идентитетот на сопственикот на дивоградбата кај Мавровка? Дали Јавното обвинителство знаело за ова и зошто чекало толку време? – прашаа од ВМРО-ДПМНЕ откако Владата даде насоки за уривање на објектот на местото на поранешното кафуле „Фонтана“, а МВР информираше дека е поднесена кривична пријава против градителот.

Според ВМРО-ДПМНЕ, кривичната пријава за бесправното градење е популизам бидејќи, како што велат, досега ниту една институција не реагирала.

„Дивоградбата кај Мавровка е изграден во време на владеење на СДСМ и Зоран Заев што укажува дека државните институции наместо да реагираат на ваквото незаконие тие останале глуви. Инвеститорот на објектот кај Мавровска се бараше преку јавен огласи, а за да биде иронијата поголема во потрагата се вклучи и Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје. Општина Чаир распиша оглас за уривање на дивоградбата во износ повеќе од еден милион денари, а ниту една компанија не беше пријавена на истиот. Смешна е кривичната пријава од страна на Јавното обвинителство откако дозволија да се изгради“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e