Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ, кое се однесуваше на ставовите на Александар Николоски
СДСМ и нивните претставници се тие кои што бегаат од дебати. Зоран Заев половина година бегаше од дебата со Христијан Мицкоски.
Радмила Шекеринска и Никола Димитров се плашат од телевизиско соочување со Александар Николоски.
Оставаме на Шекеринска и Димитров да одберат датум и медиум кој сакаат и кога сакаат Николоски ќе се појави и со задоволство ќе дебатира.
Дебатата е врвно средство за презентација пред граѓаните и соочување на аргументите во едно демократско општество. СДСМ поради големиот број негативни политики во изминатиов период упорно бега од дебата.
ВМРО-ДПМНЕ постави нови стандарди и ја смета дебатата како нужна и неопходна, реагираат од партијата.