ВМРО-ДПМНЕ се засилува со кадри од МААК конзервативна (ВИДЕО)

Игор Јанушев, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, денеска изјави дека остварил средба со дел од раководството од повеќе политички партии кои што до пред извесно време партиципирале во власта, откако дел од тие преминуваат во ВМРО-ДПМНЕ, дел преминуваат во МААК конзервативна и останатите десничарски партии од Коалицијата „За подобра Македонија“.

„Тие ги ставаат своите капацитети на располагање се со цел што побрзо да ја турнеме оваа криминално рекетарска власт и да помогнеме што побрзо во обновата на Македонија. Ние како ВМРО-ДПМНЕ остануваме отворени и ги повикуваме сите чесни и искрени граѓани на Република Македонија да ни се придружат во борбата против власта, во борбата за обнова на Македонија“, вели Јанушев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e