ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ три години ги лаже граѓаните

СДСМ свесно ги лажеа граѓаните изминатите 3 години. Ветуваа многу не остварија ништо. Неспособноста и нестручноста на оваа влада предводена од СДСМ излегуваат на дело. На СДСМ на автопатишта, инфраструктира и градби им текнува само пред избори. Ветуваа изградба на автопатишта низ цела Македонија, а не исполнија ништо, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Благој Бочварски, член на ИО на СДСМ.

Ветија изградба на 600 километри автопатишта, а не започнале ниту 1 километар. На лагите очигледно им нема крај. Нема капитални инвестиции, нема инфраструктурни прокети, нема нови автопатишта и нови регионални патишта. Неспособната влада на СДСМ не може ни да се грижи и да ја оддржува инфраструктурата изградена од ВМРО-ДПМНЕ. Розевите очила СДСМ и понатаму ги носат. Граѓаните знаат кој градеше во Македонија, порачаа од опозициската партија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e