Цената на нафтата во светот паѓа, а СДСМ покачува акциза, ќе го полнат Буџетот од џебот на граѓаните, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Додека на светско ниво нафтата вртоглаво паѓа владата која ја предводи СДСМ ја покачува и упорно ги лаже и убедува граѓаните дека тоа нема да предизвика ценовен шок и инфлација.
Со овој чекор на владата, ќе настрадаат сите граѓани, бидејќи зголемената цена на нафтата и акцизата значи отворање на спиралата на инфлацијата: повисоки цени на превозот, повисоки цени на прехранбените и сите други производи.
Откако е СДСМ дојден на власт цената на дизелот е зголемена за фрапантни 40%.
Предвидувањата на светските аналитичари е дека цената на нафтата уште подолго време ќе остане ниска, само СДСМ ја покачува цената за да поединци се збогатуваат и профитираат и сето тоа врз грбот на веќе осиромашениот македонски народ.
Без економски план за санирање на здравствената и економската криза, владата на СДСМ реши да собира пари од народот, преку зголемување на горивата и акцизата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.