ВМРО – ДПМНЕ повторно со ДВОЈНИ АРШИНИ настапува во собранието

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на Коалицијата за подобра Македонија во вторникот поднесоа барање за мислење до Комисијата за спречување на корупцијата, велејќи дека сообраниската седница почната на 5 јули сè уште е во тек, што е во спротивност со член 8-а од Изборниот законик. Според тој член, од денот на донесувањето на одлуката за распишување избори не може да се почне со постапка за вработување нови лица или постапки за престанок на работен однос во државни и во јавни институции, а воедно почнатите постапки се ставаат во мирување, освен во случај на итни и неодложни работи, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ. Пратениците велат дека точката за разрешување на Зврлевски не е „итна и неодложна“.

Иако во барањето до Комисијата за спречување на корупцијата наведуваат прекршување на членот 8-а од Изборниот законик за Зврлевски, контрадикторно е што тие во меѓувреме поднесоа барања за интерпелација на тројца министри. Интерпелацијата, исто така, подразбира смена, односно разрешување министер и назначување нов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e